Магла: Ракометарите „заробени“ на скопскиот аеродром

Заминувањето на македонските ракометари на европското првенство во Данска се одложи поради маглата што се појави над скопксиот аеродром „Александар Велики“.

Полетувањето на експедицијата составена од ракометарите, стручниот штаб, десетина новинари и педесетина навивачи беше закажано за утринава во 9 часот.

Но, поради лошите временски прилики, експедицијата остана на аеродромот.

Подобрување на временските прилики се очекува за околу 45 минути.

Алтернатива се аеродромите во Софија, Ниш или Белград, бидејќи и на најблиските аеродроми во Охрид и Приштина временските услови се исти како и во Скопје.

Европското првенство започнува утре, а македонската репрезентација првиот натпревар го игра против домакинот во 20 часот.

]]>

Најчитани вести