Борко Ристовски, најдобриот играч во македонскиот состав на синоќешниот дуел од ракометното Европското првенство против домаќинот Данска изјави дека е потребно да остане позитивната атмосфера во националниот тим и покрај поразот.
– Без разлика на се, треба да останеме позитивни и да бараме она за што сме дојдени, а тоа е пласман во вториот круг. Како што кажа на прес-конференцијата селекторот на Данска Улрик Вилбек, ова за нас беше бонус натпревар, можевме да добиеме, но не е трагично што загубивме. Следните два натпревара за нас се клучни и ќе мора минимум на еден од нив да славиме победа, истакна македонскиот голман.
Данска синоќа ја победи Македонија со 29:21. Ристовски имаше 14 одбрани меѓу кои и сите три седмерци досудени за домашната селекција.
Македонија утре од 18 часот и 15 минути игра со Чешка.
]]>


