Масимилијано Алегри веќе не е тренер на Милан, соопшти претпладнево клубот од Милано преку својот официјален Твитер профил. Во соопштението Милан му се заблагодарува на Алегри и неговите соработници во стручниот штаб за времето поминато во клубот и му посакаа успех во иднина.
„Росо-нерите“ привремено ќе ги предводи тренерот Мауро Тасоти до назначување на нов шеф на стручниот штаб. Отказот за Алегри доаѓа по синоќешниот пораз од Сасуоло со 4:3.
Милан во моментов се наоѓа на 11.место во Италијанскиот фудбалски шампионат со 22 бода и биланс од 5 победи, 7 нерешени и 7 загубени натпревари.
За најсериозни наследници на Алегри, во италијанските медиуми се шпекулира со имињата на Филипо Инзаги и Кларенс Сидорф.
]]>


