Рибери: Заслужувам да ја добијам „Златната топка“

Францускиот репрезентативец и член на Баерн Минхен Франк Рибери во пресрет на вечерашната церемонија на прогласувањето на најдобриот фудбалер за 2013-та од страна на ФИФА изјави дека заслужува да ја добие наградата.

– Минататa година беше моја најдобра во кариерата. Тоа беше моја година. Не гледам логика да на је добијам „Златната топка“, рече Рибери и додаде дека сонува да го добие вредното признание.

– Тоа е нешто за кое сонував, а во исто време на теренот правев се што беше во моја моќ. Исто така и надвор од теренот. Дадов се од себе. Не знам уште што би можел да направам за да ја освојам „Златната топка“. Знам дека за наградата се борам со двајца сјајни фудбалери, но во 2013 година јас освоив се, потенцира Рибери.

Тој со Баерн Минхен освои пет трофеи, Кристијано Роналдо со Реал остана без трофеј, додека Лионел Меси со Барселона победи во шпанската Примера и Суперкупот на Шпанија.

Носител на награда за најдобар светски фудбалер во претходните четири години беше Лионел Меси.

]]>

Најчитани вести