ФИФА му дозволи на Косово да игра пријателски натпревари

Комисијата за итност при Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) даде зелено светло репрезентацијата на Косово да игра пријателски натпревари, пренесува францускиот весник „Л‘Екип“.

Сепак ФИФА му наложи на Косовскиот фудбалски сојуз нивната репрезентација да не ги користи националните обележја. Значи на натпреварите нема да бидат интонирани државните химни и нема официјално да се истакнуваат државните знамиња.

Освен забраната за користењето на националните симболи, косовската репрезентација нема да може да игра натпревари против селекциите од поранешна Југославија.

Според најавите првата официјална пријателска средба Косово би можело да ја одигра на 5 март, а потенцијални противници му се Шведска, САД, Холандија и Бугарија.

Дозволата за играње натпревари на Косово под „капата“ на ФИФА ја оспоруваше ФС Србија со образложение дека оваа држава се уште не е признаена од ООН.

Нови одлуки околу овој спор може да се очекуваат во март за кога е закажана седница на Извршниот одбор на ФИФА.

]]>

Најчитани вести