Хајкенс: Рибери требаше да ја освои наградата

Јуп Хајкенс кој го добие признанието за најдобар тренер во 2013 година изјави дека „Златната топка“ требаше да му биде доделена на Франк Рибери.

– Тешко е да се зборува за Рибери. Тој освои тројна круна со Баерн и беше клучен играч во тимот. Ја заслужи наградата. Има и други играчи од Баерн кои заслужија да бидат меѓу номинираните. Фудбалери како што се Филип Лам или Бастијан Швајнштајгер требаа да бидат тука, но само тројца кандидати можеа да влезат во најтесниот избор, истакна германскиот стручњак кој лани предводејќи го Баерн освои три наслови.

На изборот на најдобрите фудбалери и фудбалски работници организиран вчеравечер од ФИФА, наградата за најдобар светски фудбалер во 2013 година ја доби Кристијано Роналдо.

]]>

Најчитани вести