Екипата на Оклахома ноќеска го забележа десеттиот пораз во НБА лигата, откако загуби на гостувањето кај Мемфис со 90:87. Единствената победа на гостински терен ја оствари Кливленд кој славеше во Лос Анџелес против Лејкерс со 120:118.
На другите две средби: Шарлот – Њујорк 108:98 и Индијана – Сакраменто 116:92.
Вечерва се играат 12 натпревари: Орландо – Чикаго, Филаделфија – Шарлот, Вашингтон – Мајами, Бостон – Торонто, Милвоки – Мемфис, Минесота – Сакраменто, Њу Орлеанс – Хјустон, Сан Антонио – Јута, Феникс – ЛА Лејкерс, Портланд – Кливленд, Голден Стејт – Денвер и ЛА Клиперс – Далас.
Пласман Источна конференција: Индијана 30-7 (победи-порази), Мајами 27-10, Торонто 19-17, Атланта 20-18, Чикаго 17-19, Вашингтон 17-19, Детроит 16-22, Шарлот 16-23,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 30-8 (победи-порази), Портланд 28-9, Оклахома 28-10, ЛА Клиперс 26-13, Хјустон 25-14, Голден Стејт 25-14, Далас 23-16, Феникс 21-16,…
]]>


