Организацијата на ЕП во Данска на високо ниво

Во Данска во тек е ракометното Европско првенство, а по трите натпреварувачки дена комплименти за организатор стигнуваат како од ракометарите, така и од навивачите на сите репрезентации.

Македонската експедиција е во Хернинг, град во кој ракомет ќе се игра во текот на сите 14 натпреварувачки дена, заклучно со полуфиналните и финалните средби.

За симпатизерите на Македонија, Данска, Австрија и Чешка (група А), домаќинот постави навивачката зона. Во огромен затворен простор кој е директно поврзан со „Јуске Банк Боксен“ арената илјадници ракометни љубители пред и по натпреварите можат да се дружат, да ја подгреваат атмосферата, да пијат квалитетни дански пива и да пеат навивачки песни.

Организаторот користи и најсовремена опрема за тв преносите. Во четирите арени каде што се играат средбите од шампионатот, комплетно е озвучен теренот за игра и може да се чуе дури и крцкањето на патиките, дофрлувањата на ракометарите на теренот, а секако и советите за време на тајм-аутите. Четири пункта за време на мечот го следат звукот на играта и се заштитени од евентуални удари со топка. По примерот на германските и скандинавските национални првенства, сега и на европскиот шампионат секој збор стигнува до гледачот и слушателот.

]]>

Најчитани вести