На утрешниот натпревар против Австрија селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван најверојатно ќе може да смета само на 15 играчи, откако Никола Стојчевски ја обнови повредата на препоните.
Според информациите од таборот на „црвено-жолтите“, за разлика од Стојчевски, неговиот клупски другар Филип Миркуловски кој против Чешка издржа многу силни дуели ќе може да настапи.
Македонија по првите два натпревара на Европското првенство во Данска освои еден бод. Вчеравечер против Чешка одигра нерешено 24:24, а во 1.коло загуби од домаќинот со 29:21.
Натпреварот Македонија – Австрија ќе се одигра утре од 18 часот и 15 минути. Со евентуална победа Македонците одат сигурно во следната фаза, а при различен исход од освојување на двата бода во игра се различни комбинации.
]]>


