Наполи последен четвртфиналист во италијанскиот куп

Наполи синоќа ја оправда фаворитската улога на средбата со Аталанта и по победата од 3:1 обезбеди пласман во четвртфиналната фаза од „Копа Италија“.

Два гола за домашните постигна Хозе Калехон (15 и 80.минута), а еднаш стрелец беше Лоренцо Инсиње. За гостите од Бергамо погоди Де Лука во 14.минута.

Пред Наполи вчера пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Милан и Сиена.

Претходно четвртфиналисти во фудбалскиот Куп на Италија станаа Лацио, Јувентус, Фиорентина, Рома и Удинезе.

]]>

Најчитани вести