Еден од трите синоќешни натпревари од НБА лигата се играше на европско тло. Во „О2 Арена“ во Лондон, Атланта, тимот за кој настапува Перо Антиќ, загуби од Бруклин со 127:110 и падна на 4.место во пласманот на Источната конференција.
Македонецот на овој дуел беше стартер и за 23 минути постигна двоцифрен број поени – 11 со само едно промашување од поле, забележа пет скокови и една асистенција.
На другите два натпревара: Индијана – Њујорк 117:89 и Хјустон – Оклахома 92:104.
Вечерва играат: Њујорк – ЛА Клиперс, Орландо – Шарлот, Филаделфија – Мајами, Торонто – Минесота, Вашингтон – Чикаго, Бостон – ЛА Лејкерс, Детроит – Јута, Мемфис – Сакраменто, Сан Антонио – Портланд, Денвер – Кливленд, Феникс – Далас и Оклахома – Голден Стејт.
Пласман Источна конференција: Индијана 31-7 (победи-порази), Мајами 27-11, Торонто 19-18, Атланта 20-19, Вашингтон 18-19, Чикаго 18-19, Детроит 16-22, Бруклин 16-22,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 31-8 (победи-порази), Портланд 29-9, Оклахома 29-10, ЛА Клиперс 27-13, Хјустон 26-15, Голден Стејт 25-15, Феникс 22-16, Далас 23-17,…
]]>


