Сосиедад и Барселона четвртфиналисти во шпанскиот куп

Во шпанскиот фудбалски куп синоќа беше комплетирана листата на четвртфиналисти, а последни кои обезбедија пласман меѓу осумте најдобри се Реал Сосиедад и Барселона. Сосиедад со голот на Хавиер Рос минимално го победи Виљареал, но 1:0 им беше доволен резултат по нерешените 0:0 на првиот меч. Гостинска победа постигна и Барселона со двата гола на Лионел Меси против Хетафе. Аргентинецот погоди во 44 и 63.минута. На првиот дуел Каталонците пред своите навивачи победија со 4:0. Претходно пласман четвртфиналисти во „Копа дел Реј“ станаа Атлетико Мадрид, Еспањол, Атлетик Билбао, Расинг Сантандер, Леванте и Реал Мадрид.

]]>

Најчитани вести