Убиство на фудбалер во Колумбија

Ферлеј Рејес Ривас играчот на колумбискиот фудбалски клуб Унион Магдалена е убиен, а неговиот соиграч Луиз Дијаз Априља е ранет во престрелка која вчеравечер се случила во колумбиското туристичкото место Санта Марта. – Ривас заедно со тројца клупски другари биле во берберница кога дошол непознат човек и почнал да пука. Од повредите Ривас починал на лице место, а Априља бил пренесен во болница, јавуваат светските медиуми. Истрагата ги разгледува можните причини за инцидентот, а според една од неколкуте верзии, одговорна за инцидентот е колумбиската мафија и веројатноста дека убиениот 22-годишен фудбалер бил поврзан со неа. Во клубот Унион Магдалена својата кариера ја започна најпознатиот колумбиски фудбалер Карлос Валдерама.

]]>

Најчитани вести