Екипата на Сиена обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.
Во првиот денешен натпревар од осминафиналето одигран попладнево, тимот на Сиена на гостински терен ја совлада Катанија со 4:1.
Сиена во четвртфиналето за противник ќе ја има екипата на Фиорентина.
Покрај овие две екипи пласман меѓу осумте најдобри во Купот на Италија веќе обезбедија: Јувентус, Рома, Удинезе и Лацио.
Остануваат уште празни места. Тие ќе бидат пополнети со одигрувањето на вечерашните дуели меѓу Милан и Специја натпревар во кој на полувремето домаќините водат со 2:0 и средбата Наполи – Аталанта која ќе започне од 21 часот.
]]>


