Поради повреда Нејмар три недели надвор од теренот

Бразилскиот интернационалец и член на Барселона Нејмар поради повреда на скочниот зглоб три седмици ќе отсуствува од фудбалските терени.

Во клубот очекуваат Бразилецот да биде подготвен за дуелот од Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед на 18 февруари.

Нејмар синоќа на натпреварот од Шпанскиот куп со Хетафе се повреди во 22. минута и излезе од игра. Првиот впечаток беше дека повредата е многу посериозна.

Барселона го победи Хетафе со 2:0 и со вкупни 6:0 се пласира во четвртфиналето на ова натпреварување

]]>

Најчитани вести