Екипите на Малага и на Валенсија одиграа нерешено 0:0 синоќа на отворањето на 20.коло во шпанската Примера.
Со освоениот бод домашната екипа има вкупно 21 и се наоѓа на 13.место, додека Валенсија е осма со 24 бодови.
Денеска играат: Бетис – Реал Мадрид, Елче – Рајо Ваљекано, Гранада – Осасуна и Еспањол – Селта Виго.
Четири средби од оваа рунда ќе се одиграат и утре: Хетафе – Сосиедад, Виљареал – Алмерија, Леванте – Барселона и Атлетико Мадрид – Севиља.
Колото ќе биде комлетирано в понеделник со натпреварот Атлетик Билбао – Ваљадолид.
Табела: Барселона 50, Атлетико Мадрид 50, Реал Мадрид 47, Атлетик Билбао 36, Виљареал 34, Сосиедад 32.
]]>


