Австралија Опен: Ивановиќ ја елиминира Вилијамс

Ана Ивановиќ од Србија го направи најголемото изненадување на годинашното издание на Грен слемот Австралија Опен, откако утринава ја елиминира најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс (САД). Во меч што траеше нешто помалку од два часа Ивановиќ победи со 2:1 – по сетови 4:6, 6:3 и 6:3. Ова воедно беше прва победа за Србинката во меѓусебните дуели со американската тенисерка. Со победата над првата носителка и петкратна освојувачка на овој турни, Ивановиќ се пласира во четвртфиналната фаза. Таму нејзина противничка ќе биде подобрата од мечот Кејси Делаква (Австралија) – Ежени Бушар (Канада). На денешниот натпреварувачки ден на терените во Мелбурн на женскиот дел од турнирот завршени се уште два меча: Кербер (Германија) – Пенета (Италија) 1:2 и Ли (Кина) – Макарова (Русија) 2:0.

]]>

Најчитани вести