Французинот Алексис Пинтуро е победник на денешната слаломска трка возена во швајцарскиот скијачки центар Венген. Пинтуро триумфира со вкупно време по двете трки од една минута и 42,87 секунди. Второ најбрзо време по двете возења имаше германскиот скијач Феликс Нојројтер со заостанување од 34 стоти делови од секундата зад победникот. На подиумот се искачи и Марсел Хиршер (Австрија) кој водеше по првата трка, но на крајот мораше да се задоволи со третата позиција бидејќи имаше за 63 стотинки послабо време од Французинот. Во пласманот за слалом во Светскиот куп води Хиршер со 340 бодови, пред неговиот сонародник Марио Мат со 250 и Матиас Харгин (Шведска) со 233 бода. По денешната победа, Пинтуро се проби на третото место во Генералниот пласман од Светскиот куп со 506 бодови. Води Аксел Лунд Свиндал со 757, а втор е Хиршер со 735 бода.
]]>


