Репрезентацијата на Франција ја совлада Хрватска во дерби дуелот во групата 2. Двете екипи на синоќешниот натпревар влегоа како непоразени од првата фаза. На крајот до нова победа на шампионатот во Данска стигна Франција, која славеше со 27:25.
На другите два дуела од оваа група: Полска – Белорусија 31:30, Шведска – Русија 29:27.
Табела: Франција 6 бодови, Шведска 4, Хрватска 4, Полска 4, Русија 0, Белорусија 0.
Денеска се играат натпреварите од групата 1 во Хернинг. Во терминот од 16 часот играат Македонија и Исланд, а потоа следат натпреварите Австрија – Шпанија (18:15 часот) и Данска – Унгарија (20:30 часот).
]]>


