Обрван: Со Исланд мора да одиграме поквалитетно

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван пред денешниот дуел со Исланд (почеток 16 часот) им порача на своите избраници дека ќе треба да одиграат многу поквалитетно отколку со Унгарија доколку сакаат да се надеваат на позитивен исход.

– Атмосферата по пораз никогаш не е добра, иако имаме добар резултат во целина. Поразот ни ја уништи позитивноста и расположението. Со Унгарија попуштивме во раната фаза на натпреварот. Ако сакаме подобар резултат со Исланд мораме да покажеме поквалитетна игра. Тоа е силен состав. Сигурдсон е едно од најдобрите леви крила на светот, главен играч им е Палмарсон. Очекувам потежок натпревар отколку со Унгарија, истакна македонскиот селектор во пресрет на средбата со Исланд.

Обрван се надева дека повредените од дуелот со Унгарија Велко Маркоски и Гоце Ојлески ќе бидат подготвени за игра. На вчерашниот тренинг не тренираше и капитенот Кирил Лазаров, кој се пожали на болки во препоната на десната нога. Лазаров верува дека ќе може да ја предводи репрезентацијата во обидот да се освојат прите бодови во втората фаза од Европското првенство.

Пред почетокот на 2.коло во групата 1 води Данска со 6 бодови, пред Шпанија со 4, Исланд и Унгарија имаат по 3, Македонија 2 и Австрија 0.

]]>

Најчитани вести