На Грен слемот Австралија Опен што се игра на терените во Мелбурн познати се првите две тенисерки кои обезбедија пласман меѓу четирите најдобри. Кинеската На Ли и Канаѓанката Ежени Бушар по ноќешните победи над своите противнички в четврток ќе се борат за место во финалето.
Ли во првиот дуел од четвртфиналната фаза одигран ноќеска ја победи Флавија Пенета (Италија) со 2-0 по сетови 6:2 и 6:2.
Втората полуфиналистка Бушар беше подобра од Ана Ивановиќ (Србија) со 2-1 по сетови 5:7, 7:5 и 6:2.
Двојките за другите два четвртфинални дуели се:
Доминика Чибукова (Словачка) – Симона Халеп (Романија) и Агњешка Радванска (Полска) – Викторија Азаренка (Белорусија).
Овие средби ќе се одиграат утре.
]]>


