Вавринка го симна Ѓоковиќ од тронот во Мелбурн

Во неизвесен меч кој траеше нешто повеќе од четири часа Швајцарецот Станислас Вавринка го совлада вториот светски рекет и бранител на титулата на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ (Србија) со 3-2 во сетови 2:6, 6:4, 6:2, 3:6 и 9:7.

Ова беше вториот четвртфинален дуел на тенискиот Грен слем во Мелбурн.

На првиот денешен меч Томаш Бердих (Чешка) го победи Давид Ферер со 3-1 во сетови 6:1, 6:4, 2:6 и 6:4.

Вавринака и Бердих ја сочинуваат првата полуфинална двојка. Паровите за другите две четвртфинални средби се: Рафаел Надал (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија) и Енди Мареј (Велика Британија) – Рафаел Надал (Швајцарија).

Овие дуели се закажани за утре, а првиот е во 4 часот по полноќ, додека вториот е предвидено да започне во 9 часот и 30 минути.

]]>

Најчитани вести