Кожув гостин на Пеќ во 9.коло од БИБЛ

Македонскиот кошаркарски вицепрвак Кожув вечерва од 19 часот ќе го отвори натпреварувачкиот дел од 2014 година, со дуел од БИБЛ лигата против Пеќ на Косово.

Серијата од три порази пред крајот на 2013 година го симна тимот на Кожув дури до шестата позиција на табелата, но македонскиот претставник амбициозно пристапува на продолжението од сезоната, со цел враќање на врвот на каде мина добар дел од првата полусезона.

Во текот на зимската пауза, Кожув одигра пријателски натпревари против Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром за задржување на формата и што поподготвено да влезе во денешниот дуел против екипата која важи за особено силна пред своите навивачи.

За разлика од гевгеличани, тимот на Пеќ најдоброто го одигра токму на крајот на 2013 година, победувајќи на три од последните четири средби, откако до тој момент се уште го очекуваше првиот триумф во сезоната во БИБЛ. Станува збор за екипа со повеќе странци, меѓу кои и тројца Американци и со искусниот Фредерик Хаус како предводник на играта.

Во првиот меѓусебен дуел одигран во Гевгелија, Кожув со добра тимска игра победи со 84:79 во неизвесната завршница.

]]>

Најчитани вести