Рома го елиминира Јувентус од „Копа Италија“

Фудбалерите на Рома се првите полуфиналисти во италијанскиот куп откако синоќа во четвртфиналето го елиминираа Јувентус со минималната победа од 1:0.

Победникот на дуелот на двете водечки екипи во Серија А одигран на „Олимпико“ во Рим го реши голот на Жервињо постигнат во 78.минута.

Во следната рунда од „Копа Италија“ Рома за противник ќе го има подобриот од дуелот Лацио – Наполи (играат на 29 јануари).

Вечерва на програмата е уште еден четвртфинален меч во кој ќе играат Милан – Удинезе (почеток 21 часот).

Последната четвртфинална двојка во ова натпреварување е Фиорентина – Сиена (утре 21 часот).

]]>

Најчитани вести