Со две победи над Вест Хем, екипата на Манчестер Сити го потврди пласманот во финалето на англискиот Лига куп.
По 6:0 на првиот натпревар, Сити синоќа славеше победа и на гостувањето во Лондон. Алваро Негредо двапати и Серхио Агуеро еднаш погодија за убедливи 3:0.
Во борбата за трофејот Манчестер Сити ќе се сретне со победникот од двомечот Сандерленд – Манчестер Јунајтед. На првиот дуел Сандерленд на свој терен победи со 2:1.
Реваншот се игра вечерва на „Олд Трафорд“ со почеток од 20 часот и 45 минути.
]]>


