Прво Грен слем финале за Вавринка

Швајцарецот Станислас Вавринка е првиот финалист на годинашното издание Австралија Опен откако во полуфиналето го победи Томаш Бердих од Чешка. Попладнево по три и полчасовна битка швајцарскиот тенисер славеше со 3-1 во сетови 6:3, 6:7, 7:6 и 7:6 со што се избори за своето прво финале на еден од четирите најголеми турнири во светот.

Противник на Вавринка во мечот за титулата на турнирот во Мелбурн ќе му биде подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Рожер Федерер (Швајцарија) и Рафаел Надал (Шпанија). Овој меч е закажан за утре во 9 часот и 30 минути по средноевропско време.

]]>

Најчитани вести