Антиќ се повреди, можно е да паузира и цел месец

Перо Антиќ го повредил зглобот на десната нога на натпреварот против Бруклин. По направената магнетна резонанца во Атланта била откриена фрактура на зглобот на десната нога, а тоа значи дека ќе паузира од две недели до еден месец. Во последните натпревари Антиќ играше во врвна форма и беше еден од клучните играчи на својот тим.

]]>

Најчитани вести