Британската телевизија Би-Би-Си јавува дека шпанскиот фудбалер Хуан Мата денеска треба да потпише договор со Манчестер Јунајтед. Според оваа информација, досегашниот играч на Челзи треба да го посети тренинг-кампот на Јунајтед каде ќе ги изврши лекарските прегледи и ако се е во ред да ја официјализира соработката со актуелниот англиски шампион.
Дел од британските медиуми во текот на вчерашниот ден шпекулираа дека Мата со хеликоптер пристигнал во Манчестер, но тоа не се случи, а трансферот треба да биде завршен денеска.
За ангажманот на шпанскиот играч за врска, Манчестер на Челзи му плати оштета од 37 милиони фунти, сума за која менаџерот Мурињо изјави дека не можел да ја одбие.
„Сините“ од Лондон на местото на Мата ќе го ангажираат Мохамед Салах од Базел.
]]>


