Специјализираната Агенција за истражување на јавното мислење „ММВГЛМ“ (Мирко Мики Видоески Глумец и Лепотан на Мајка) за лична употреба спроведе анкета под наслов: „Зошто Македонците упорно ги гласаат оние кои крадат, лажат, имаат вошки и се кријат на Булевар „Илинден„ Број 2, 1000, Скопје?“
Анкетата беше спроведена на зелен и ајван пазар, како и во неколку репрезентивни чајџилници, биртии, берберници, фризерници, салони за улепшавање, маалски бакалници и коперации. Од анкетата се гледа дека ништо не се гледа, дека ништо не е јасно, туку напротив е многу матно и магливо зошто Македонците гласаат како што гласаат.
Од одговорите на прашањата се насетува дека за тоа е виновен македонскиот менталитет.
Резултатите од нашите проучувања го кажуваат следното:
– Да крадеш, а да не те фатат во Македонија е престиж.
– Укради што повеќе можеш и ќе имаш поголем статусен (и фалусен) симбол и почит.
– Зошто е тоа така го синтетизиравмее во само една карактерична реченица: „И јас истото би го правел да сум на негово место. Овој малку украл, јас на негово место би украл повеќе!“
– Аферим! Ербап човек! – Кој не е за себе не е ни за друг, а камоли за државата.
– Знаете дека крадат и лажат, а упорно ги гласате. Зошто? „Мислите дека овие другиве ако дојдат на власт нема да крадат? Поарно нека останат овие, навикнавме на нив, а и се гледа дека се поспособни, многу повеќе крадат. И убаво лажат.“
Конечен заклучок: „Во Македонија никој не ги сака попаметните, помудрите, пообразуваните и поубавите од себе. Затоа, за да не дојдат на власт претходно наведените, Македонците ги гласаат политичарите кои се грди, со говорни мани, криви нозе и мали цицки, кои лажат без срам и перде и кои крадат што повеќе можат. Основен постулат за едно вакво размислување и определба е народната поговорка: „Едвај чекам да умре комшијата да му ја земам козата!“
Бриф.мк избор: Фејбук статус на Мирко Мики Видоески
]]>


