Барселона и Атлетико се вратија на водечките позиции во Примера

Барселона и Атлетико Мадрид повторно се на првите две места во шпанската Примера, откако привремено беа симнати од врвот од страна на Реал Мадрид кој еден ден порано го одигра својот дуел од 21.коло.

Синоќа на „Камп Ноу“ Барселона со убедливи 3:0 ја совлада Малага, додека Атлетико Мадрид на гостински терен славеше со 4:2 против Рајо Ваљекано.

Резултати на другите два вчерашни натпревари од оваа рунда: Алмерија – Хетафе 1:0 и Осасуна – Атлетик Билбао 1:5.

Во саботата: Реал Мадрид – Гранада 2:0, Ваљадолид – Виљареал 1:0, Валенсија – Еспањол 2:2 и Севиља – Леванте 2:3, а во петокот Селта – Бетис 4:2.

Колото ќе го комплетираат Сосиедад и Елче со дуелот вечерва од 22 часот.

Табела: Барселона 54 бодови, Атлетико Мадрид 54, Реал Мадрид 53, Атлетик Билбао 42, Виљареал 37.

]]>

Најчитани вести