Андреа Лекиќ најдобра на светот во 2013 година

Ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ Андреа Лекиќ е избрана за најдобра ракометарка на светот во 2013 година. Ова признание за Лекиќ доаѓа по успешната година како на клупски така и на репрезентативен план.

Признанието и беше доделено пред почетокот на финалниот натпревар на ЕУРО 2014 во машка конкуренција кое се одржува во Данска.

Покрај Лекиќ во финалната конкуренција беа уште и Анита Горбич, Катарина Булатовиќ, Хајди Локе и Катрин Лунде.

Лекиќ во 2013 година најпрвин со унгарската екипа Ѓер ја освои титулата во Лигата на шампионите, а во новата сезона има голем придонес во победите на ЖРК Вардар СЦБТ во Лигата на шампионите, каде што се пласира меѓу осумте најдобри во Европа. Таа го освои и сребрениот медал со репрезентацијата на Србија, на Светското првенство минатиот месец.

]]>

Најчитани вести