Фудбалерите на Монако постигнаа победа на последниот натпревар од 22.коло од француската Лига 1 одигран синоќа против Олимпик Марсеј. Пред своите гледачи Монако славеше со 2:0 со головите на Валер Жермен (41.минута) и на Емануел Ривер (57).
Со новите три бодови Монако, е на три негатива зад лидерот ПСЖ.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Бордо – Сент Етиен 2:0, Олимпик Лион – Евиан 3:0, Ајачио – Сошо 1:1, Монпеље – Ница 3:1, Нант – Ремс 0:0, Валенсеин – Лориен 1:1, Генгамп – ПСЖ 1:1 и Лил – Рен 1:1.
Табела: ПСЖ 51 бод, Монако 48, Лил 41, Сент Етиен 37, Олимпик Лион 34, Бордо 34, Нант 33, Ремс 33, Олимпик Марсеј 32.
]]>


