Ефикасно на последниот дуел од 21.коло во Серија А

Шест голови беа постигнати на синоќешниот натпревар во Фиренца со кој се комплетира 21.коло во Италијанското фудбалско првенство. Екипите на Фиорентина и Џенова одиграа 3:3.

Алберто Аквилани ги постигна сите три погодоци за домашната екипа во 33.минута од пенал, во 42 и 57.минута. За гостите од Џенова голови постигнаа Алберто Џилардино од пенал во 27.минута, Лука Антонини во 34.минута и Себастијан Де Маио во 78.минута.

На другите натпревари од оваа рунда: Наполи – Киево 1:1, Лацио – Јувентус 1:1, Верона – Рома 1:3, Торино – Аталанта 1:0, Сампдорија – Болоња 1:1, Интер – Катанија 0:0, Каљари – Милан 1:2, Ливорно – Сасуоло 3:1 и Парма – Удинезе 1:0.

Табела: Јувентус 56, Рома 50, Наполи 44, Фиорентина 41, Интер 33.

]]>

Најчитани вести