Најдобриот тенисер на светот Шпанецот Рафаел Надал на најновата АТП ранг листа објавена денеска ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Новак Ѓоковиќ на 3.710 бодови.
Надал собра 14.330 бодови. Тој и покрај поразот во финалето на Грен слемот во Мелбурн, неговата предност е зголемена поради елиминацијата на бранителот на трофејот Ѓоковиќ уште во четвртфиналната фаза.
Српскиот тенисер е на втората позиција и сега има 10.620 бода.
Освојувачот на трофејот во Австралија, швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка се искачи на третото место на АТП листата со 5.710 бодови.
Од четвртото до 10.место следуваат: Хуан Мартин дел Потро (Аргентина), Давид Ферер (Шпанија), Енди Мареј (Велика Британија), Томаш Бердих (Чешка), Рожер Федерер (Швајцарија), Ришар Гаске (Франција) и Жо-Вилфред Цонга (Франција).
]]>


