По подготовките во Тунис женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе има нов собир – тренинг, а селекторот Ристо Магдинчев ќе може да смета и на Ана Виноградова и Катја Костјукова, кои за првпат ќе бидат дел од репрезентацијата.
Покрај овие две ракометарки на листата повикани се уште 18 од домашното првенство. Магдинчев на вечерашниот тренинг ќе работи со следниве ракометарки: Наташа Антиќ, Сандра Дурланова, Јована Саздовска, Драгица Митрова, Симона Николовска, Сара Ристовска, Елена Ливриниќ, Дајана Јовановска, Андреа Белеска, Габриела Величковска, Душица Ѓоргиевска, Робертина Мечевска, Наташа Младеновска и Ивана Гакидова (ЖРК Металург), Драгана Петковска, Ана Виноградова, Катја Костјукова, Марија Штериова и Ивана Саздовски (ЖРК Вардар СЦБТ) и Маја Ивановска (ЖРК Куманово).
Тренингот ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во малата сала. Женската ракометна репрезентација на Македонија кон крајот на месец март ќе ги одигра првите натпревари од квалификациите за ЕП 2014 година, а противник е Русија. Со вториот ривал во групата Германија, натпреварите се закажани за месец јуни.
]]>


