Шумахер се буди од кома, тврдат француските медиуми

Според францускиот магазин „L’Equipe“, Михаел Шумахер позитивно реагира на медицинскиот третман и полека се буди од кома. Седумкратниот светски шампион во Ф1 ја повреди главата скијајќи на неодбележана патека на француските алпи на 29 декември, по што беше пренесен во болницата во Гренобл. Поради тежината на повредата на главата, на Шумахер му беше индуцирана медицинска кома за да се спречат понатамошни компликации пред точно еден месец. Германски експерти тврдеа дека не очекуваат Шумахер да биде разбуден во брзо време. Сабине Кем, менаџерот на Шумахер, не ги негираше гласините од  „L’Equipe“, но им порача на фановите да не веруваат на секакви новини објавени од кој било освен неа.

]]>

Најчитани вести