Фудбалерот на Барселона Цеск Фабрегас изјави дека враќањето на Лионел Меси е многу важно за целата екипа.
– Кога Меси се врати од Аргентина изгледаше одморено. Неговото враќање на теренот е добра вест за тренерот, за клубот, за сите нас. Се чувствуваме посигурно откако нашиот најдобар играч повторно е во тимот. Секако потребно е време да ја достигне препознатливата форма и да ја врати самодовербата, но неговото присуство многу ни значи, истакна Фабрегас.
Лионел Меси од почетокот на јануари повторно е во составот на Барселона. Тој ја санира повредата на бутниот мускул која го мачеше подолго време.
Сезонава во шпанската Примера Аргентинецот има одиграно 14 натпревари и е трет стрелец кај Каталонците со осум постигнати голови и забележано пет асистенции.
]]>


