Индијана нема повеќе најдобар биланс во НБА лигата

Екипата на Индијана ноќеска го претрпе десеттиот порааз оваа сезона и со тоа го загуби приматот на најдобра екипа во лигата. Сега најдобар скор има Оклахома Сити.

На домашен терен Индијана загуби од Феникс со 102:94. Индијана одигра слабо прво полувреме кога противникот имаше предност од 66:49. Најефикасен кај победникот беше Горан Драгиќ со 28 поени и 7 асистенции, додека кај домашниот тим без ефект остана „трипл –дабл“ учинокот на Ленс Стефенсон – 14 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

По лошиот старт сезонава тимот на Њујорк е на чекор до местата кои носат пласман во плеј офот. Ноќеска „њујорчани“ постигна убедлива победа над Кливленд со 117:86. На третиот одигран дуел Голден Стејт – ЛА Клиперс 111:92.

Вечерва се играат осум натпревари: Орландо – Милвоки, Филаделфија – Атланта, Минесота – Мемфис, Бруклин – Оклахома Сити, Далас – Сакраменто, Денвер – Торонто, ЛА Лејкерс – Шарлот и Јута – Голден Стејт.

Пласман Источна конференција: Индијана 35-10 (победи-порази), Мајами 32-13, Торонто 24-21, Атланта 23-21, Чикаго 23-22, Вашингтон 22-23, Бруклин 20-23, Шарлот 20-27, Њујорк 19-27,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 37-10, Сан Антонио 33-13, Портланд 33-13, ЛА Клиперс 33-16, Хјустон 31-17, Феникс 28-18, Голден Стејт 28-19, Далас 26-21,…

]]>

Најчитани вести