Извлечени двојките за завршницата на националниот кошаркарски куп

Македонската кошаркарска федерација која е организатор на завршниот турнир во купот денеска ја изврши жрепката по која е познат патот до вредниот трофеј.

Во четвртфиналето на 6 февруари ќе играат: МЗТ Скопје Аеродром – Струмица (почеток 17:30) и Кожув – Фени Индустри (20 часот).

Другите два четвртфинални дуела се на 7 февруари: Работнички – Куманово (17:30 часот) и Лирија – Карпош Соколи (20 часот).

Победниците од 6 февруари два дена подоцна од 17:30 часот ќе го играат првото полуфинале, а истиот ден (8 февруари) од 20 часот ќе се игра и второто полуфинале во кое ќе учествуваат победниците од четвртфиналните средби на 7 февруари.

Финалето е закажано за 9 февруари со почеток од 17 часот и 30 минути. Домаќин на „Фајнл еит“ турнирот е градот Охрид и СЦ „Билјанини извори“. Бранител на трофејот е МЗТ Скопје Аеродром.

]]>

Најчитани вести