Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески денеска организираше прием за националните спортски федерации со цел запознавање и разменување искуства, идеи и предлози за понатамошната заедничка соработка во насока на развојот на македонскиот спорт.
Спасески на средбата рече дека прв приоритет ќе му биде реализацијата на Конкурсот за доделување финансиски средства за 2014 година и нивно навремено доставување до федерациите, но и контрола на доделените средства согласно препораките на Државниот завод за ревизија.
– Наградувањето на спортистите и тренерите ќе биде врвен приоритет, како и механизмот за континуирано следење на напредокот во тренажниот процес на младите спортисти, нагласи Спасески.
Тој се осврна и на унапредувањето на организациската и менаџерска поставеност и делување на националните спортски федерации согласно законската регулатива, како и на спроведувањето на конвенциите за спречување на допингот во спортот и насилството на спортските терени.
– Меѓународната соработка во спортот и заедничкото делување со локалната самоуправа во децентрализацијата на спортот со цел обезбедување услови за спортување на секој граѓанин ќе ми претставува важен дел од програмата за работа, нагласи Спасески.
]]>


