Германски Турингер прв противник на ЖРК Вардар СЦБТ во главната фаза од Лигата на шампионите

Женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар СЦБТ во недела ги продолжува натпреварите од Лигата на шампионите. Во рамките на главната фаза противник им е германската екипа Турингер.

Во пресрет на дуелот од 1.коло од групата 1 во таборот на „црвено-црните“ очекуваат продолжување на успешните игри од првата фаза на ова натпреварување.

– Имавме доволно време да се подготвиме за дуелот со Турингер. Станува збор за квалитетен состав и се надевам дека публиката која ќе биде присутна во недела ќе проследи интересен натпревар и ќе се радува на наш триумф, изјави тренерот Индира Кастратовиќ на денешната прес-конференција.

Најдобрата ракометарка на светот за 2013 година и членка на македонскиот шампион Андреа Лекиќ за неделниот натпревар истакна дека добро ќе биде на почетокот од втората фаза на Лигата на шампионите да почнеме со победа.

– Тимот на Турингер игра брз ракомет и ќе мора пред се нив да ги забавиме. Добра околност е што сите сме здрави и очекувам полна сала, рече Лекиќ.

Натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ – Турингер се игра в недела со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека утре во рамките на групата 1 играат Митјиланд и Савехоф.

Во групата 2 двата натпревара се играат утре, а двојките се: Ѓер – Будуќност и Крим – Ларвик.

]]>

Најчитани вести