Шампионот на Франција ПСЖ со победа го отвори 23.коло од француската Лига 1.
Пред своите навивачи ПСЖ го совлада Бордо со 2:0, а стрелци на головите беа: Златан Ибрахимовиќ во 59.минута и Алекс во 88.минута. На двата гола им асистираше Лукас. Со новата победа парижани сега имаат шест бодови предност пред Монако.
Денеска се играат шест натпревари од оваа рунда: Лориен – Монако, Бастија – Генгамп, Евиан – Ајачио, Ремс – Монпеље, Сошо – Нант и Сент Етиен – Валенсиен.
Во недела на програма се дуелите: Ница – Лил, Рен – Олимпик Лион и Олимпик Марсеј – Тулуз. Табела: ПСЖ 54 бодови, Монако 48, Лил 41, Сент Етиен 37, Олимпик Марсеј 35, Олимпик Лион 34, Бордо 34.
]]>


