Селта славеше на гостувањето кај Гранада

Фудбалерите на Селта со победа на гости го отворија 22.коло од Примера. Синоќа на гостински терен кај Гранада, Селта славеше со 2:1.

Густаво Кабрал го отвори резултатот во 29. минута, а Гранада изедначи во финишот на првиот дел преку Јусеф Ел Араби (41.минута).

Триумфот на Селта во 88.минута го донесе Аугусто Фернандез. Селта со 25 бодови се наоѓа на 11.место и ја мина Гранада која со 24 бодови е на 12.место.

Дербито на колото ќе се одигра денеска со почеток во 16 часот Барселона е домаќин на Валенсија.

Покрај овој натпревар денеска играат уште: Леванте – Рајо Ваљекано, Хетафе – Ваљадолид и Малага – Севиља.

Во недела се играат натпреварите: Елче – Алмерија, Бетис – Еспањол, Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад и Атлетик Билбао – Реал Мадрид.

Оваа рунда ќе биде комплетирана во понеделник со дуелот Виљареал – Осасуна. Табела: Барселона 54 бодови, Атлетико Мадрид 54, Реал Мадрид 53, Атлетик Билбао 42, Виљареал 37, Реал Сосиедад 36.

]]>

Најчитани вести