Тимот со најдобар биланс во НБА лигата Оклахома Сити продолжува со добрите резултати откако ноќеска на гостувањето кај Бруклин славеше победа со 120:95.
Со овој триумф Оклахома Сити ја зголеми предноста во однос на конкурентите во Западната конфедерација.
На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Орландо – Милвоки 113:102, Филаделфија – Атланта 99:125, Минесота – Мемфис 90:94, Далас – Сакраменто 107:103, Денвер – Торонто 90:100, ЛА Лејкерс – Шарлот 100:110 и Јута – Голден Стејт 90:95.
Вечерва се играат 12 натпревари: Индијана – Бруклин, Вашингтон – Оклахома Сити, Атланта – Минесота, Детроит – Филаделфија, Хјустон – Кливленд, Мемфис – Милвоки, Њу Орлеанс – Чикаго, Сан Антонио – Сакраменто, Њујорк – Мајами, Феникс – Шарлот, Портланд – Торонто и ЛА Клиперс – Јута.
Пласман Источна конференција: Индијана 35-10 (победи-порази), Мајами 32-13, Торонто 25-21, Атланта 24-21, Чикаго 23-22, Вашингтон 22-23, Бруклин 20-24, Шарлот 21-27,…
Пласман западна конференција: Оклахома Сити 38-10, Сан Антонио 33-13, Портланд 33-13, ЛА Клиперс 33-16, Хјустон 31-17, Феникс 28-18, Голден Стејт 29-19, Далас 27-21.
]]>


