Единствено Мајами ноќеска победи на гости во НБА лигата

На дванаесетте одиграни натпревари ноќеска во НБА лигата единствено шампионот Мајами победи на гостински терен против Њујорк, додека на другите дуели се радуваа домашните екипи.

Кај Мајами, Леброн Џејмс со 30 поени беше најефикасен, додека во редовите на Њујорк, Кармело Ентони постигна 26. Меѓу поразените екипи ноќеска се најде и лидерот во лигата Оклахома Сити.

Резултати на ноќешните натпревари: Индијана – Бруклин 97:96, Вашингтон – Оклахома Сити 96:81, Атланта – Минесота 120:113, Детроит – Филаделфија 113:96, Хјустон – Кливленд 106:92, Мемфис – Милвоки 99:90, Њу Орлеанс – Чикаго 88:79, Сан Антонио – Сакраменто 95:93, Њујорк – Мајами 91:106, Феникс – Шарлот 105:95, Портланд – Торонто 106:103 и ЛА Клиперс – Јута 102:87. Вечерва се игра само еден натпревар Бостон е домаќин на Орландо.

Пласман Источна конференција: Индијана 36-10 (победи-порази), Мајами 33-13, Атланта 25-21, Торонто 25-22, Чикаго 23-23, Вашингтон 23-23, Бруклин 20-25, Шарлот 21-28,… Пласман западна конференција: Оклахома Сити 38-11, Сан Антонио 34-13, Портланд 34-13, ЛА Клиперс 34-16, Хјустон 32-17, Феникс 29-18, Голден Стејт 29-19, Мемфис 26-20,…

]]>

Најчитани вести