ЖРК Вардар СЦБТ ја почнува главната фаза против Турингер

 Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ натпреварите од главната фаза од Лигата на шампионите ги почнуваат против германската екипа Турингер. Ова ќе биде последен натпревар од 1.коло во оваа фаза.

„Црвено – црните“ во првата фаза од Лигата на шампионите имаа биланс 5 победи и 1 нерешен резултат, а во квалификациите постигнаа две победи. Натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ – Турингер се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а почнува во 18 часот.

На првиот дуел од групата 1, каде игра и нашиот шампион вчера данската екипа Митјиланд славеше минимална победа над Савехоф од Шведска со 25:24.

На натпреварите во групата 2 словенечкиот првак Крим во Љубљана го победи норвешки Ларвик со 24:18, додека европскиот првак Ѓер (Унгарија) го загуби првиот бод откако на домашен терен одигра нерешено 23:23 со Будуќност од Црна Гора. Ѓер во првата фаза имаше максимален учинок шест победи од шест натпревари.

]]>

Најчитани вести