Македонците работат како бело робје низ светот

Плативме по 600 евра за услугата на Агенцијата да не однесе во Лондон. Условите за сместување беа катастрофални, во 2 соби на јоги спиевме 15 луѓе. Собите беа со влага а ѕидовите се распаѓаа. Од влагата имаше ужасна смрдеа. Во една соба од 15 квадрати спиевме 9 души. И за тие услови неделно ни земаше по 30 фунти од човек. Во Авганистан работев 3 месеци. Едвај преживеав таму. Талибанците ја нападнаа базата Јубернес каде престојувавме и јас бев погоден од граната. На лицеместо почина мојот колега од Босна и Херцеговина, додека уште тројца америнаски работници беа потешко повредени. Имам повреди и рани, скоро на сите органи. Од тогаш досега сум направил 26 операции, кои ме чинеа над половина милион долари. На боледување сум веќе 6 години. Во хотелот во кој работам во Катар сме 25 Македонци, стартна плата на сите вработени овде е 400 долари (околу 18.000 денари), Катар е прескап за таа плата што ја заработуваме овде. Нема шанси со плата од 400 долари да преживееш овде. Само сместувањето овде е повеќе од 500 евра. Катарците си ги штитат своите луѓе додека ние сме втора класа.

avganistanВакви приказни на Македонци кои работеле во странство има илјадници. Желбата да се замине од земјава и да се заработи за парче леб, професионално да се реализираат, да излезат од дома, бидејќи не им се работи овде за 150 или 200 евра се причините кои ги тераат нашите да заминуваат во странство. Оваа желба, потпомогната од желбата за профит кај Агенциите често пати нашите сограѓани ги прави бело робје во рацете на странските газди. Иако изразот Белоробје е препознатлив за земјите од третиот свет, сепак на оваа појава не се имуни и најразвиените земји во светот, како Велика Британија. За жал жртви во нашиот случај се македонски државјани со бугарски пасоши.

„За Англија заминавме на 30-ти мај годинава, а се вративме 9 или 10-ти јуни. Нашата група броеше девет луѓе, кога стигнавме таму имаше уште наши, имаше некој од Делчево или од Берово. Плативме по 600 евра за услугата на Агенцијата да не однесе во Лондон. Дополнително плаќавме за авионска карта, за превоз со автобус од Лондон до Бристол“, вели 29-годишниот Роберт од Битолско.

Таму им било ветено работа на фарма и плата од 600 фунти неделно, но дека биле измамени и од Агенцијата и од менаџерите на Британската компанија заклучиле дури кога стигнале таму. „Работевме на фарма за кокошки. За две дена имав заработено само 27 фунти, а морав да дадам на еден Литванец 5 фунти за ми го замени чекот. Замав 10 пати помала дневница од тоа што ми беше ветено од Македонија“, вели 30-годишниот Стојанчо Миновски од Малешевијата, кој бил во истата група како и Роберт.

Дополнителен проблем бил што тие во Англија воопшто немале отворено банкарски сметки, а од фармата им плаќале со чекови. Еден ден во неделата морале да работат за еден Литванец кој им ги заменувал чековите во фунти. Покрај ова, се жали Роберт, менаџерот на фармата бил Литванец кој не зборувал англиски, па ги терал нив да учат литвански јазик за да можат да кумуницираат со него.

Дека работеле на црно потврдуваат и економистите. „Самиот факт што како работници немаат отворено сметки во банка, покажува дека тие биле однесени таму да работат на црно“, вели Глигор Ивановски, сметководител од Штип и додава дека во Македонија е незамисливо да работиш легално и да немаш отворено банкарска сметка како работник, а камо ли во Англија. Проблематично за тие 10 дена било и лекувањето на болните македонски печалбари, а тие ниту самите не знаеле дали се здравствено осигурани во Англија.

„Еден работник од нашава група се разболе таму. Му беше многу лошо, постојано беше завиткан во едно ќебе. Не можеше ништо да јаде. Се што ќе ставеше во уста во рок од 3-4 минути се ќе исповратеше. Колегата беше оставен на милост и немилост, не знаевме што да му превеме. Одевме во неколку болници, но одговорот секаде беше ист: Немаме доктор. Дојде менаџерот во станот и на колегата што беше дома му рече ти оди си дома. Му се дереше со зборовите дека нему работници му требаат, и му велеше дека вакви наркомани видел многу. На крај го бркаше од куќата и му велеше хотел да си плати и да си оди од овде и му ги фрлаше и шутираше куферите“, вели Миновски. bolen Тогаш се јавиле на сопственикот на скопската Агенција која посредувала за тие да работат во Англија, но одговорното лице му рекло дека ќе среди, но на крај никој не им помогнал, а болниот Костадин од Преспа по 2-3 дена морал да се врати дома, зашто ако останел таму ќе умрел, додава Миновски. Но набрзо пелачбарскиот сон на островот завршил за најголем дел групата. „Ноќни птици“ кои ловат кокошки  „Се к‘ти ноќта црна, се рути карпа, и петли во село пеат и зората се зори, над карпа крв се мие и темнината пие: Силно светнал ден.“ Овие стихови на Коста Рацин се напишани во 1939 година, но често пати за нашите печалбари и денес се актуелни. Слични маки како работниците пред Втората светска војна имале и нашите несудени печалбари во Обединетото кралство. Условите за работа кои ги пречекале таму биле слични како кај нас во 19-тиот век. „Во фармата заминавме по 3 дена откако стигнавме во Англија. Работата во таму беше катастрофална, такво нешто немам видено. Ни ставаа по пет кокошки во едната рака и по пет во другата и моравме да трчаме по 200 метри да ги носиме во кафези, кои подоцна со виљушкар се товареа на шлепери. Започнувавме со работа навечер околу 22 часот и работевме по 10 часа нон стоп трчање и во двата правци. Душата ми излегуваше од трчање, не можев воздух да земам, носот ми беше полн со пердуви, не можев да се издишам“, се жали Роберт. Дополнителен проблем за нив било што секоја вечер оделе на различни фарми, а до некои од тие фарми требало да се возат по 3-4 часа во еден правец. „Во пат дневно губевме од шест до осум часа и што работевме по 10 часа, ние бевме по 18 часа на работа, а тие 8 часа што одевме од станот до фармата и назад никој не ни ги плаќаше“, одговара Стојанчо. Но проблемите не застануваат само кај работата. Кога се враќале дома ги чекале 2 соби едно мало фрижидерче и 15 јоги за спиење и ништо друго. Топла вода и туш немало. „Кога ќе стигневме во станот греевме вода во тенџере и влечевме карти кој прв да се бањa“, велат несреќните работници.

Тешките услови за работа и живот и измамата на крај не можеле да ја поднесат и за 10-тина дена се вратиле од Англија. Од групата останал само еден. Тој парите за да замине за Англија, ги зел од некој лихвар и без пари не смее да се врати во Македонија.

rob

Македонските власти во овој случај не препознале криминал Веднаш по враќањето од Англија група од 10-тина луѓе кои биле таму отишле во полициска станица за да го пријават случајот како измама. Биле упатени кај двајца инспектори, но по кратко време сфатиле дека немаат подршка ниту од таму.

„Договорот што го потпишавме со Агенцијата беше на англиски јазик и со тој договор заминавме во полиција, од таму не препратија во друга полициска станица. Не примија инспектори Албанци и ни рекоа дека не им можеме ништо на Агенцијата. Тие не презедоа ништо иако им плативме по 600 евра на рака, затоа ни издадоа сметкопотврда, без фискална сметка и без ништо“, вели Роберт. Тој додава дека инспекторите им рекле да ги преведат договорите од Англиски на Македонски јазик, кај овластен преведувач и после да им ги донесат, па после ќе виделе дали може нешто да се направи. Молк за овој случај и од Министерството за труд и социјална политика. Таму и поставивме неколку прашања за регулирањето на работата на Агенциите за привремено вработување во странство, но и покрај настојувањата не успеавме да обезбедиме став од таму, тие на нашите прашања не одговорија. По ова не знаеме дали воопшто Министерството за труд и социјална политика ги контролира овие Агенции и дали некој досега е казнет заради вакви испраќања на работници.

raka За Агенциите, сѐ е чисто 

Од Агенциите потенцираат дека не испраќаат работници во земјите членки на ЕУ бидејќи работењето на нашите печалбари таму е нелегано. Зоран Кочовски од Агенцијата Коузон вели дека тие испраќале најмногу студенти и млади во Арапските земји и на брод, а најчесто студентите работеле во угостителство. „Секоја година околу 2.500 студенти заминуваат на пракса во странство преку Агенциите за привремени вработувања“, вели Кочовски и додава дека кога се споменуваат Арапските земји не треба да се ставаат овде и работниците што работат во базите во Ирак и Авганистан, бидејќи тие од земјава заминуваат дирекно преку Американски компании. Нивниот број според проценките на Кочовски до пред неколку години достигнувал и до 13.000 печалбари во воените бази на Американската армија. За разлика од Коузон, кој нема отворени работни позиции во Европа, Агенцијата Виза плус се обидела да го отвори и Европскиот пазар за нашите граѓани, но само за тие што имаат Европски пасоши. makedonec „Испраќавме работници и во Европа, односно во Англија. Програмата ја започнавме пробно пред 6 месеци и преку нејзе испративме околу 40 апликанти, но сите имаа пасоши од Европската Унија, поточно Бугарски пасоши. Најчесто работеа во фарми и фабрики. Месечно заработуваа околу 1.200 фунти“, велат од Виза плус и додаваат дека превозот и здравственото осигурување им ги обезбедувале работодавачите. Сместување истотака било обврска на работодавачот од Англија, а работниците за таа сметка требало да му плаќаат по 50 фунти месечно. „Програмата ја прекинавме пред два месеци бидејќи не ни се допаѓаа позициите што ни ги понудија, сега бараме други позиции“, додаваат од Виза плус. viza_plsu Од Виза плус потенцираат дека тие се само посредници, помеѓу странските работодавачи и нашите печалбари и додаваат дека сите работници што заминуваат преку нив се со платено здравствено осигурување. Господ го чувал во Авганистан, здравственото осигурување го чува во Македонија За значењето на здравственото осигурување кое многу наши работници во странство го немаат, збурува и приказната на 30-годишниот Никола од Куманово. Имено пред шест години заминува на печалба во Афганистан, во обид да излезе од егзистенционалната агонија во Македонија.

„Работев во Куманово за плата од 100 до 150 евра, само татко ми работеше, а мајка ми и брат ми не работеа. Се запишав на факултет ама немаа пари да ме издржуваат и морав да прекинам. Со тие примања овде немав егзистенција и се одлучив да заминам за Афганистан, каде бев 3 месеци“, објаснува Никола.

Но, на истекот на третиот месец, Никола го снајде страшна трагедија. Само Господ во тие моменти бил со него и го чувал.

„Талибанците ја нападнаа базата Јубернес каде престојувавме и јас бев погоден од граната. Едвај преживеав таму. На лицеместо почина мојот колега од Босна и Херцеговина, додека уште тројца америнаски работници беа потешко повредени. Имам повреди и рани, скоро на сите органи. Од тогаш досега сум направил 26 операции на мене, кои ме чинеа над половина милион долари“, низ солзи раскажува младиот печалбар.

Среќа во несреќа овде е што тој е покриен со целосно здравствено осигурување, кое му ги покрива болничките трошоци.  Тој веќе 6 години е на боледување.

„Имав среќа што фирмата ми уплати осигурување од 115 долари месечно, но повеќето работници што заминуваат за Ирак или Афганистан, што не се преку мојата компанија имаат осигурување од 20 долари месечно. Не дај боже да им се случи ваква катастрофа што мене ме снајде, нема да можат да си ги покријат болничките трошоци“, вели Никола.

dubai Арапските земји „мека“ за бело робје Арапските земји се мека за современите бели робје. Тие преку за нив уникатниот систем на работни односи познат како „кефала“ ги експолотираат работниците на тој начин што кога работникот кога ќе влезе во некоја од овие земји е обврзан да работи само за тој работодавач. Нашите работници кои работат претежно во хотелиерската индустрија имаат потпишано договори за работа според тој Кефала систем, кој ги обврзува напорно да работат за мизерни плати. Тоа го потврдува и Д.А, 26-годишен кавадарчанец кој моментално работи во хотел во Катарската престолнина Доха. „ Во хотелот во кој работам во Катар сме 25 Македонци, стартна плата на сите вработени овде е 400 долари (околу 18.000 денари), Катар е прескап за таа плата што ја заработуваме овде. Нема шанси со плата од 400 долари да преживееш овде. Само сместувањето овде е повеќе од 500 евра. Катарците си ги штитат своите луѓе додека ние сме втора класа“ вели Д.А. Но дискриминацијата не застанува овде. Тој се жали дека некои добра и да сака да ги купи не може бидејќи доаѓа од сиромашната класа. Најмногу ми смета овде е што не можеме да купиме алкохол, бидејќи платите ни се премногу ниски. За да купиш алкохол во Доха треба да имаш плата од 4.500 ријани (околу 1.000 евра), а јас имам само околу 300 евра, се жали кавадарчанецот. Од Кефала системот во арапските земји страдаат и другите работници, не само Македонците. Деновиве и светски познатата организација за борба за човекови права Амнести Интернешнл предупреди дека Арапските земји, како Катар, Обединетите арапски емирати се местата каде странските работници се доведени до питачки стап. Добар дел од градежните работници од азиските земји, цела година не зеле плата, немаат пари ниту храна да си купат, се наведува во последниот извештај на Амнести Интернешнл.

ИЗВОР: СКООП Центар за истражувачко новинарство

Напишано од Горан Лефков

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести