Без вода дел од булеварот „Видое Смилевски – Бато“

Дел од булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во населбата Ново Лисиче денеска од 08:30 часот ќе остане без вода.

Причината за тоа, како што информира Центарот за управување со кризи, е изведување на водоводен приклучок на булеварот.

Без вода ќе бидат корисниците од булеварот „Видое Смилевски Бато бр.2“, Поштата, Тедико маркетот и околните објекти.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на работите од страна на екипите на „Водовод и канализација“.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести