Според информациите, ова сценарио му било познато и на Ахмети, но тој водејќи сметка единствено за сопствениот интерес не му придавал важност, оценувајќи дека подадената рака на Мијалков и Тачи нема да и донесе предност во резулатотот на ДПА. Тој бил толку сигурен во сопствениот рејтинг што од неговата партија велат дека токму ДУИ ќе биде партијата што ќе побара предвремени парламентарни избори. Во валканата политичка игранка која ќе се случува деновиве, според познавачите, најмногу ќе загуби токму Ахмети, бидејќи тој во јавноста играше по нотите на Груевски и за да удоволи на неговата потреба за предвремени избори (стравувајќи од новите корупциски скандали кои ќе се отворат) измислуваше преседани од типот на консензуален кандидат, кој според сите расположливи информации е секој, освен Ѓорге Иванов. Извор: Либертас.мк]]>


