Двајца ученици се повредени во тепачка во близина на средното поштенско училиште на булеварот „Трета македонска Бригада“ денеска околу 13 часот и 30 минути. Повредените биле физички нападнати од ученици од средното хемиско училиште.
Од полицијата информираат дека дел од напаѓачите се приведени, а се работи на расчистување на случајот. Мотивите за нападот се уште не се познати. ]]>


